Вардар освои бод на гостувањето кај екипата на Пелистер. Дербито во ракометната Супер лига заврши без победник (30:30). Видовме квалитетен натпревар, на кој и двете екипи во еден момент беа блиску до победата, но сепак на крајот немаше победник.
Вардар на голот го имаше одличниот Борко Ристовски кој натпреварот го заврши со двоцифрен број на одбранети удари. Поранешниот македонски репрезентативец ги сподели впечатоците од големото дерби кое се одигра во Битола.
-Многу ми е драго што игравме еден ваков натпревар пред ваква публика. На Македонија ѝ требаат вакви натпревари за да можеме да видиме секој играч колку може и до кој степен може да се смета на него. Тренерот Недановски иако имаше малку време, мислам дека одлично ги постави работите и во нападот и во одбраната и можам слободно да кажам дека Еурофарм единствено нѐ стигна само поради малата ротација што ја имавме. Одигравме еден одличен меч и покажавме дека сме сепак поквалитетни. Мислам дека на крајот на денот, квалитетот е тој што решава на вакви мечеви. Честитки до цела екипа која одигра фантастичен меч за шампионската титула.
До крајот на годината, за Вардар останува уште еден домашен натпревар против екипата на Бутел, која се наоѓа на 3.место во Супер лигата.