Вардарци напорно се подготвуваат во пресрет на мечот на неделата, против екипата на Веспрем. Радува фактот што на овој дуел ќе бидеме комплетни и речиси во најсилен состав ќе се спротивставиме на унгарците. Борозан и Фереира се засилувањата за црвено-црните во пресрет на саботниот меч. Тие заедно со останатите соиграчи се подготвуваат за предизвикот наречен Веспрем.
Одлична атмосфера владее во таборот на нашиот шампион, кој е подготвен за уште една голема победа, со која ќе бидеме многу блиску до освојување на второто место во групата.