Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вуко Борозан ”на пат” за Скопје
Вуко Борозан ”на пат” за Скопје

Вуко Борозан ”на пат” за Скопје

Црногорскиот двометраш Вуко Борозан би можел веќе од ова лето да пристигне во РК Вардар. Црногорецот кој ни е нам добро познат, бидејќи играше во редовите на Металург, оваа сезона настапува во Либек во Бундеслигата. Екипата на Либек се наоѓа на предполседното место на табелата во најсилната германска лига, и доколку испадне од ова натпреварување со сигурност Борозан ќе го засили црвено – црниот тим уште ова лето.

Тоа значи дека по Кањeлас и Фереира, во Вардар ова лето може да пристигне и трет играч од бундеслигата. Инаку, Борозан оваа сезона во дресот на Либек  има одиграно 20 натпревари и постигнато 79 погодоци, што го прави втор најдобар стрелец во екипата.