Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Борозан најдобар стрелец на Вардар во СЕХА, Штербик на второто место според процентот на одбранети удари кон неговиот гол
Борозан најдобар стрелец на Вардар во СЕХА, Штербик на второто место според процентот на одбранети удари кон неговиот гол

Борозан најдобар стрелец на Вардар во СЕХА, Штербик на второто место според процентот на одбранети удари кон неговиот гол

Вардар по четири одиграни кола во СЕХА-лигата има исто толку победи и се наоѓа на првото место на табелата, како единствена екипа која има максимален број на освоени бодови во ова натпреварување. Што се однесува до листата на стрелци во редовите на Вардар, најмногу голови постигна Вуко Борозан или вкупно 16 зад неговото име. Веднаш зад него се наоѓаат крилата Дибиров и Чупиќ кои имаат по 13 погодоци. Следуваат Карачиќ и Македа кои постигнаа по 11, додека Стоилов има 8 голови.

Што се однесува до бројот на одбрани, Арпад Штербик го зазема второто место со 35.7 % на одбранети удари, или 15 успешни интгервенции од 42 удари кон неговиот гол. Прв е Ариан Јовиќ од екипата на ППД Загреб. Даниел Ѓорѓески се наоѓа на 15-та позиција со 26% на одбранети топки.

Следниот натпревар во СЕХА-лигата, Вардар го игра на 17-ти-октомври на домашен терен против тимот на ППД Загреб.