Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Коментаторот на ЕХФ: Сите оние кои го отпишаа Вардар мора да размислат уште еднаш
Коментаторот на ЕХФ: Сите оние кои го отпишаа Вардар мора да размислат уште еднаш

Коментаторот на ЕХФ: Сите оние кои го отпишаа Вардар мора да размислат уште еднаш

Вардар е се уште непоразен во Лигата на Шампионите, а победите на гостувањата против актуелниот шампион на Европа и еден од претдентите за пласман на Ф4, се само показател дека и оваа сезона црвено-црните ќе атакуваат на врвот на Европа. Пред почетокот на сезоната, ЕХФ направи избор на ТОП-10 екипи кои имаат најголеми шанси за драгоцениот трофеј, место немаше за екипата на Вардар. Сепак последниот триумф против Веспрем, ќе ги подразмисли многу сите кои предвреме ги отпишаа избраниците на Гарсија Парондо.

Коментаторот на ЕХФ,  Том О’Бранаген на својот твитер профил после големиот триумф во “Веспрем арената“ ги потсети песимистите дека Вардар не смее никогаш да се отпише.

-Овој Вардар нема да се предаде! Сите оние кои им напишаа посмртен говор по заминувања на важни играчи од клубот на крајот на минатата сезона, мора да размислат уште еднаш. Голема победа на гостувањето во Веспрем, напиша стручниот коментатор на ЕХФ