Управата на РК Бутел уште еднаш покажа дека мисли на иднината и донесе двајца млади и талентирани ракометари, кои во следните три сезони ќе ги бранат боите на Бутел Скопје.
Еден од нив е Андреј Петрушевски, кој има 18 години, доаѓа од екипата на Вардар и настапува на позицијата десен бек. Овој млад талениран играч беше селектиран преку Вардар Јуниор лигата, кога од РК Илинден-Вардар мина во пионерската екипа на црвено-црните. Покажа низ годините дека станува збор за иднина на мак.ракометот.