РК Вардар 1961 започна да го ,,крои” ростерот за следната натпреварувачка сезона, па така веќе го договори и првото звучно засилување за од лето. Нејц Цехте, 29-годишен десен бек со големо искуство на својот грб, доаѓа во Вардар да ја засили десната бековска позиција во тимот.
Се работи за играч кој потекнува од школата на Горење Велење, клуб за коj настапуваше од 2013 до 2018 година. Потоа направи одличен трансфер во Хановер, каде настапува со успешност веќе пет сезони во најсилната лига на светот. Најдобрата сезона во Германија му беше во 2020/21, кога постигна одлични 87 гола. Да додадеме дека Цехте е долгогодишен член и на репрезентацијата на Словенија.
Останува да видиме на кое место доаѓа Цехте во Вардар. Веќе на таа позиција тимот ги има Кевин Њокас, Куни Моралес и Давид Савревски.