Традиционално секоја година, специјализираниот ракометен портал „Балкан Хендбол“, врши избор на најдобар играч на ЕКС-ЈУ просторот, како и на најдобриот тим за изминатата сезона. Во гласањето на фановите, во изборот се најдоа дури четири играчи од Вардар. За најдобар голман е прогласен Арпад Штербик, позицијата лево крило е препорачана за Тимур Дибиров. Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов е најдобар пикер, додека Лука Циндриќ е најдобриот среден бек.
Вака изгледа најдобриот тим на Баланот, за сезоната 2017/18:
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Борут Мачковшек (Целје)
Среден бек: Лука Циндриќ (Вардар)
Десен бек: Жига Млакар (Целје)
Десно крило: Златко Хорват (Загреб)
Пикер: Стојанче Стоилов (Вардар)
Голман: Арпад Штербик (Вардар)
*За најкорисен играч беше избран нашиот Тимур Дибиров- види