Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави скратениот список на повикани играчи, за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2024 година.
На истиот се најдоа и четири играчи од редовите на Вардар. Тоа се Мартин Томовски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски и Филип Талески.
Македонија ќе настапи во ЕХФ неделата на средината на октомври. Првиот натпревар се игра во Скопје со селекцијата на Луксембург (12 октомври), додека четиди дена подоцна се гостува на Турција во Ван (16 октомври).