Вардар продолжува со победи во сеха-лигата. После Металург, Веспрем, ППД Загреб, Екипата на Целје беше новиот противник кој загуби од нашшиот ракометен шампион. Ова е четврти триумф за црвено-црните во ова натпреварување.
Во првите 13 минути од натпреварот се играше гол за гол на двете страни, нути една од двете екипи не успеа да има поголема предност од еден гол. Бразилецот Фереира за прв пат имаше можност да биде стартер на својата позиција и до првата половина на првиот дел да постигне 4 гола. Вардарци започнаа да го толчат противникот кога при резултат 8:9 успеа да постигнат шест последователни гола и да стигнат до водство од 8:15. Се функционираше во нашата игра во овој период, повеќе од погодоците беа преку брзи контра-напади. Одбраната функционираше на потребното ниво, додека во нападот постигнувавме голови од различни позиции. Оваа разлика ја одржувавме до крајот на првото полувреме, кога на одмор се замина со резултат 13:20. Тимур Дибиров беше наш најефикасен играч во првите 30 минути постигнувајќи 7 голови од исто толку обиди кон противничкиот гол.
Второто полувреме со погодок го отвори Душебаев, за кого ова беше прв погодок на натпреварот. Во првите осум минути од овој период ја држевме предноста на осум гола разлика, а Целје во 40 минута успева да намали на 19:25. Штербик беше одличен на голот спречувајќи неколку зицер удари на противникот. Целје се обидуваше да се врати во игра,но денес пред себе го имаа разиграниот тим на Вардар. Душебаев повторно игра одличен меч и со својот четврти погодок од исто толку удари, стигнуваме до највисоки 24:33. На седум минути пред крајот стигнуваме до двоцифрена предност, со гол на Шишкарев поведуваме со 24:34. До крајот само ја зголемувавме разлика, за конечни 29:40
Дибиров беше наш најефикасен играч со 8 голови. Фереира постигна 6, додека, Борозан 5. Штербик го заврши мечот со 15 одбрани.