На петтото издание на меморијалниот ракометен турнир “Драго Јововиќ“ во Врбас свое учество викендов имаше комбинирана екипа на Вардар, составена од играчи кои се дел од младинскиот состав, како и играчи од Вардар 2 и Вардар Јуниор. Тие вчера на турнирот во Србија играа во малото финале и го освоиа четвртото место.
Во натпреварот за бронза вардаровите надежи беа поразени од домашниот тим, екипата на Врбас со 26-29, ние на полувреме отидовме со реми 13-13. Првото полувреме вардарци го почнаа лошо, имаа негатива од 0-4 на почетокот. Домаќинот во игра гол за гол на половината од првиот дел отиде на комотни 5-10. Нашите момци изнајдоа сили и направија пресврт, па полека се доближуваа резултатски и во 29 минута преку Кукуловски го израмнија резултатот на 13-13. Со вака поволен резултат тие заминаа на одмор и со овозможија вториот дел да тргнат од “нула“ во борбата за бронзата.
Вториот дел младите вардарци продолжија со ритамот од крајот на првиот период, играа одлично. Црвено-црните на почетокот од второто полувреме со серија 3-0 поведоа со 16-13, тоа водство го имавме до 44 минута. Тогаш домашниот тим на Врбас израмни на 18-18. Домаќините имаа водство во продолжение, сепак ние пак се вративме и израмнивме во 50 минута, на 20-20. Во финишот влеговме со 26-25, за домаќинот сепак во клучните моменти тие направија серија 3-1 која ги однесе до бронзата. Освојувач на турнирот беше екипата на Црвена Звезда која во финалето го совлада Партизан.
Вардар: Димов 3, Чакалиќ, Крстевски 1, Мишевски 1, Димитровски 1, Атанасовски 3, Лазов 1, Кизиќ Н., Трајковски 2, Трпчевски 5, Симиќ 4, Николовски, Кизиќ М., Брауновиќ, Кукуловски 4, Ѓоршевски, Стојановски.