Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Човек за се – Иван Чупиќ
Човек за се – Иван Чупиќ

Човек за се – Иван Чупиќ

Да го немавме, ќе требаше да го измислиме… Трикратниот европски шампион, Иван Чупиќ е ,,моторот” на овој тим. Иако неговата природна позиција му е крило, сепак оваа сезона популарниот Чупко продолжува да ја изненадува ракометната јавност и да постигнува погодоци како бек шутер.

Иако важи за низок ракометар, тоа на Чупиќ не му пречи да ги ,,врти” противничките одбрани како сака. Кога не му оди на Вујин (а тоа е чест случај оваа сезона), тука е токму он да ја пополни позицијата на супериорен начин. И вечерва Чупиќ беше еден од најдобрите на теренот. Постигна пет погодоци, (сите од игра), а имаше и неколку асистенции за погодок до соиграчите.

Несомнено, Иван Чупиќ треба да го носи епитетот – Човек за се!