Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Циндриќ и Карачиќ повикани за бараж мечевите против Црна Гора
Циндриќ и Карачиќ повикани за бараж мечевите против Црна Гора

Циндриќ и Карачиќ повикани за бараж мечевите против Црна Гора

Лино Червар, селекторот на хрватската селекција  го објави списокот на играчи на кои ќе смета за баражот против селекцијата на  Црна Гора. Овој двомеч ќе го даде патникот   на Светското првенство во Германија и Данска.

Селекторот на “каубоите“  на својот список има двајцата вардарци, станува збор за централните бекови: Лука Циндриќ и Игор Карачиќ.  Циндриќ во црвено-црниот дрес му преостанува уште евентуално еден натпревар против Металург во последното коло од домашната лига, Карачиќ останува верен на вардаровиот тим и идната сезона. Првиот меч помеѓу Хрватска и Црна Гора ќе се игра во Осијек  (9 јуни), а  реваншот е пет дена подоцна во Подгорица (14 јуни).