Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Карачиќ и Циндриќ повикани за подготовките на Хрватска

Карачиќ и Циндриќ повикани за подготовките на Хрватска

Играчите на Европскиот шампион, Лука Циндриќ и Игор Карачиќ се повикани за подготовките на репрезентацијата на Хрватска, за претстојното европско првенство, кое наредната година ќе се одигра токму во оваа земја. Добрите настапи во црвено-црниот дрес беа јасна препорака за новиот селектор на Хрватска, Лино Червар да ги повика овие двајца играчи. Циндриќ и Карачиќ се во ТОП-5 најдобри стрелци на Вардар во лигата на шампионите и се од големо значење во составот на Раул Гонзалес. Само да напомене дека, Циндриќ беше стрелец на последниот гол против Барселона, кој ни донесе финале, додека истиов играч, на последниот мундијал во Франција, беше најдобар стрелец во својата репрезентација која го освои четвртото место.

-Дојдов дома за да се одморам, но верувајте повеќе се уморив. Навистина беше убаво да се прослави ваков успех. Пречекот во Скопје и оној во родниот Огулин беше неверојатен. Уште не сме свесни за успехот, кој што го постигнавме. Прекрасно е да се биде меѓу вашите луѓе тука во Хрватска, уживам во секој момент. Секогаш е убаво да се биде дел од репрезентацијата. Сезоната беше долга и напорна, но чувството е прекрасно. Новите амбиции се тука, а за репрезентацијата секогаш може да се соберат нови сили, рече Циндриќ.