Ракометната репрезентација на Хрватска успеа да стигне до својата втора последователна победа на ЕП. Хрватска успеа да го совлада Исланд убедливо со резултат од 22:29.
Во вториот дел, Хрватска го скрши отпорот на Исланд и успеа да слави со резултат 22:29. Првите два гола на мечот за домашната репрезентација ги постигнаа Степанчиќ и Карачиќ за предност од 1:2, но Исланд покажа квалитет да се надигрува и во следните минути успева да го сврти резултататот во своја корист. Во три наврати Исланд имаше предност од еден гол (3:2, 4:3 и 8:7), но избраниците на Лино Червар успеваат да псотигнат три последователни голови и за прв пат на мечот да имаат водство од два гола разлика (8:10). Оваа предност од 1-2 гола, Хрватска ја задржа до истекот на првите 20 минути, кога на полувреме се замина со резултат од 13:14.
Последното израмнување на овој натпревар беше на стартот на вториот дел, кога Исланд прв постигна гол и го израмни резултататот на 14:14, за да следи серија од 0:5 на Хрватска и веќе одлепување од противникот на предност од 14:19. За момент Исланд намали, но со нова серија избраниците на Червар веќе “побегнаа“ на високи седум голови разлика (15:22), по што веќе беше скрешен отпорот на противникот. Најмногу што успеа да стори Исланд е да намали на шест гола негатива, за крајниот резултат гласеше 22:29.
Лука Циндриќ повторно одигра одличен меч, постигнувајќи 7 голови и на крајот беше прогласен за играч на натпреварот. Карачиќ исто така постигна четири голови, додека Чупиќ постигна два.