Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Лука Циндриќ втор стрелец во победата на Хрватска во 1/8 против Египет

Лука Циндриќ втор стрелец во победата на Хрватска во 1/8 против Египет

Ракометната репрезентација на Хрватска за која настапува Лука Циндриќ успеа да се пласира во четвртфиналето на СП во Франција, откако во осминафиналето беа подобри од селекцијата на Египет.

Хрватска имаше водство од стартот на натпреварот а во 15 минута имаа највисоки пет голови разлика (8:3). Одличен на голот беше Иван Пешиќ кој влезе во составот на местото на Филип Ивиќ. Голманот на Хрватска и Брест Мешков имаше 50 % на одбранети удари во првото полувреме. Ова водство Хрватска умешно го одржуваше а на десет минути пред крајот стигна и до убедливо водство од 12:5. На полувреме, избраниците на Жељко Бабиќ имаа предност од 13:7.

Второто полувреме со гол го отвори селекцијата на Хрватска за водство од 14:7. Кога се мислеше дека Хрватска ќе ја зголемува предноста, Египет постигнува пет последователни голови и намалува на 14:12. Конечно Лука Циндриќ погодува и зголемува на 15:12. Сепак екипата предводена од Бабиќ успева во продолжение од мечот да одржува предност која се движеше од 3-4 голови разлика, а на четири минути пред крајот да имаат недостижни 21:16. До крајот Египет успева да намали на 21:19, што беше и конечен резултат. Циндриќ пружа добри игри на овој мундијал и беше втор стрелец во победата над Египет, постигнувајќи пет голови.

Токму во четвртфиналето меѓусебно ќе играат Шпанија и Хрватска, единствените репрезентации каде ќе има Вардарови играчи во оваа елиминациска рунда.