Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Црвено-црниот состав повторно е во Скопје, од утре тренинзи и подготовки за “Вардар турнирот“
Црвено-црниот состав повторно е во Скопје, од утре тренинзи и подготовки за “Вардар турнирот“

Црвено-црниот состав повторно е во Скопје, од утре тренинзи и подготовки за “Вардар турнирот“

Црвено-црните после две неделни подготовки во Крањска Гора и одиграниот турнир во Кажиња, повторно се во Скопје. Вчера и денес момците добија заслужен одмор, од утре се враќаат на тренинзи во С.Ц. Јане Сандански. Екипата на 3-ти август замина на висински подготовки во Словенија, каде останаа десет дена. Следуваше турнир во Кањижа, на кој го освоивме првото место. Таму забележавме четири победи, од кои еден беше од пријателски карактер. Првиот дуел во новата сезона официјално го одигравме против Нилуфер. Беше остварена голема победа(43:28), против екипа која е вицешампион во турската лига.

Следуваше стартот на дуелите на “Кањижа куп“ , на кој продолживме со триумфи. Прв противник беше Белградски Партизан( 40:28). Следуваше меч со Словенскиот претставник Горење Велење(30:24) и големото финале против Унгарскиот вицешампион Пик Сегед. На овој натпревар беше остварена победа со резултат 22:19. Игор Карачиќ беше прогласен за МВП на турнирот, неговиот соиграч на голот Арпад Штербик ја доби наградата за најдобар голман. Сие играчи добија шанса да играат и да се докажуваат. Вчера екипата пристигна во Скопје и доби слободни два дена. Од утре продолжуваат со тренинзи и подготовки за “Вардар турнирот“ кој започнува на 24-ти август.