Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Никој како Иван Чупиќ: Единствен ракометар кој ја одбранил титулата во ЛШ!!!
Никој како Иван Чупиќ: Единствен ракометар кој ја одбранил титулата во ЛШ!!!

Никој како Иван Чупиќ: Единствен ракометар кој ја одбранил титулата во ЛШ!!!

Никој како Иван Чупиќ! Ракометарот на РК Вардар 1961 останува единствен на кој му успеало досега (откако се играат завршните турнири) да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите.

Шанса друштво да му прават на Чупиќ имаа некогашните вардарци Рожерио Мораес, Даниил Шишкарев и Даинис Кристопанс, но како што е добро познато сите овие играчи испаднаа во полуфиналето на Ф4.

Лука Циндриќ пак, имаше шанса да освои титула со два различни клуба, но и на него тоа не му успеа бидејќи тимот на Кил е новиот шампион.

Чупиќ останува уникатен!