Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ стрелец на три гола во триумфот на Хрватска
Чупиќ стрелец на три гола во триумфот на Хрватска

Чупиќ стрелец на три гола во триумфот на Хрватска

Репрезентацијата на Хрватска стигна и до втората победа во подготвителниот период. После триумфот над Унгарија, момците на Червар излегоа како победници и во дуелот со Европскиот Шампион, тоа е Шпанија. На овој натпревар во составот на Хрватска беше Иван Чупиќ кој имаше свој придонес во триумфот.

Освен во првите пет минути од натпреварот кога Шпанија беше во водство од 1:3, во продолжение од дуелот, Хрватска имаше предност и контрола на резултатот. На полувреме се замина со резултат 17:14. Во вториот дел само растеше позитивата во корист на „коцкастите“, најпрво беа во предност од 22:17, додека најголемата разлика беше при резултат 26:19. Речиси сите ракометари добија шанса за настап кај победничката селекција. На крајот конечниот резултат гласеше 31:28.

Поранешниот вардарец, Лука Циндриќ, беше најдобар стрелец со 5 постигнати голови, додека Иван Чупиќ го заврши мечот со 3 погодоци.