Десното крило на Вардар, Иван Чупиќ се реши да и стави крај на репрезентативната кариера во селекцијата на Хрватска. Дуелот против Чешка беше последен за него во националниот дрес, од кој се прости како најдобар стрелец на Хрватска на Европските и Светски натпреварувања.
-За овој дрес мораш да бидеше секогаш подготвен да даваш 300 посто. На секој натпревар, на секој тренинг. Јас чувствувам дека не сум во состојба да го правам тоа и најчесно е во овој момент да кажам збогум. Не сум веќе подготвен ни физички, ни психички, истакна Чупиќ.
Червар го врати Чупиќ во составот на Хрватска, откако не беше дел на последното Светско првенство во Франција. Сепак Чупиќ е во години кога треба да се посвети на клупските настапи и тоа токму со екипата на Вардар, со која има договор на уште една сезона и со сигурност ќе го гледаме во црвено-црниот дрес и наредната натпреварувачка сезона.