По пет успешни сезони минати во редовите на Вардар, Иван Чупиќ со двојна титула се одјави од редовите на шампионот на Македонија. Фантастичното десно крило е ,,магнет” за освојување на титули.
Според статистиката, Иван Чупиќ ,,тежи” 13. официјални титули, или поточно: Четири во Домашното првенство, три Куп титули и Супер куп титули, потоа една Сеха-лига и оние највредните – две титули шампион на Европа со Вардар. Освен тоа, популарниот Чупко има освоено и многу индивидуални признанија како член на Вардар и неколку турнири.
По пет сезони, Чупиќ вчера го одигра последниот натпревар за Вардар, а во новата сезона одново ќе дојде во Скопје, но овој пат како член на Загреб.