Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ: Моето семејство е среќно во Скопје, па не беше тешко да донесам конечна одлука
Чупиќ: Моето семејство е среќно во Скопје, па не беше тешко да донесам конечна одлука

Чупиќ: Моето семејство е среќно во Скопје, па не беше тешко да донесам конечна одлука

Еден од играчите кој реши да го продолжи претстојот во Вардар е Иван Чупиќ. Тој во новата сезона заедно со Гоце Георгиевски ќе бидат задолжени за десната крилна позиција.

Иако имаше понуди од други клубови, Чупиќ остана верен и во новата сезона ќе го гледаме во црвено-црниот дрес. Хрватскиот интернационалец ќе ја игра својата петта сезона во Вардар, откако во 2016 година пристигна од екипата на Киелце. Веќе следната 2017 година успеа да ја одбрани Европската круна, но овој пат со Вардар, додека истово достигнување го повтори и минатата година, освојувајќи ја по втор пат со Вардар Лигата на Шампионите.

Во интервју за рускиот медиум, „Брз Центар“, Чупиќ открива како се решил да остане во Вардар.

-Се чувствував добро во Вардар и пред да започне пандемијата со корона вирусот, имав желба да останам во клубот. Сепак кога започнаа финанските проблеми, добив неколку понуди од други клубови, меѓу кои и онаа од Динамо Букурешт. Сепак зборував со раководството на Вардар и решив да почекам до 15.мај. Вардар заслужи да чекам, се договоривме за еден ден. Со семејството сме среќни во Скопје, па не беше тешко да донесам конечна одлука.

Чупиќ проговори и за заминувањето на Самсоненко, за кој вели дека му дал се на Вардар.

-Што се однесува до разделбата со поранешниот претседател, можам да кажам дека на Вардар многу ќе му фали Самсоненко, затоа што му даде се, истакна Чупиќ.