Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ: Јас мислам дека ние се уште не сме го одиграле нашиот најдобар натпревар

Чупиќ: Јас мислам дека ние се уште не сме го одиграле нашиот најдобар натпревар

Шампионите на Македонија се подготвуваат за историја, нашиот тим веќе на големо се подготвува за натпреварите во Келн следниот викенд. Иван Чупиќ за специјалното издание на ЕХФ магазинот зборуваше за своите очекувања и предизвици, ви ја пренесуваме целата изјава:

„Кога решив да дојдам во Вардар минатото лето, имаше многу прашања. Дојдов тука од клуб кој штотуку ја освои Лигата на шампионите и постигнуваше забележителни резултати во последните години. Повеќемината од играчите немаше да го направат тоа, но јас сакав да бидам дел од проектот наречен Вардар. Овој клуб има план и визија за да стигне до Ф4 и мислев дека ова е година на Вардар. Скопје е место каде луѓето живеат за ракометот и мислам дека цела држава сонува Ф4 во последните четири години“.

„Оваа година знам дека не сме помеѓу фаворитите, но јас се надевам дека можеме да направиме позитивен резултат. Нашиот прв натпревар е против големата Барселона, голем тим со уште поголема традиција. Сепак притисокот е на нивна страна, а ние многу пати покажавме дека можеме да одиграме извонредни натпревари.  Јас мислам дека ние се уште не сме го одиграле нашиот најдобар натпревар и се надевам на убави спомени по 4 јуни“. – Вели Чупиќ.