Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ: Јас сум Хрват од мала земја, но денес сум поносен што сум Македонец
Чупиќ: Јас сум Хрват од мала земја, но денес сум поносен што сум Македонец

Чупиќ: Јас сум Хрват од мала земја, но денес сум поносен што сум Македонец

Нашите европски шампиони веќе се наоѓаат на плоштадот во Скопје, каде имаат свое обраќање пред Македонскиот народ. Еден од нив е златното момче, играчот кој ни донесе прва Европска титула, момчето кај кое не затрепери раката во последните секунди, момчето кое го постигна најважниот гол можеби во историјата на Вардар и Македонскиот ракомет. Тоа е Иван Чупиќ, единствениот играч кој успеал за две години да освои две титули со две различни екипи и да ја одбрани, што на никој му нема успеано. Тој имаше исто така кратко обраќање пред толпата собран народ, кое наиде на воодушевување.

-Вуко борозан е мојот крал. Јас сум Хрват и доаѓам од мала земја, но денес сум поносен и горд што сум Македонец, рече Иван Чупиќ.