Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Да покаже Вардар дека оваа година е драстично посилен тим
Да покаже Вардар дека оваа година е драстично посилен тим

Да покаже Вардар дека оваа година е драстично посилен тим

Вардарци минатата година го победија денешниот противник на два пати. Во гости, во Германија му го нанесоа еден од најтешките порaзи на домашен терен, можеби и најтежок минатата сезона. Нашиот тим на тој натпревар во Левен славеше со +7. На тој натпревар тотално беше надигран германскиот тим, во секој сегмент на играта. Потоа следуваше дуелот во Скопје, кога тимот на Рајн – Некар се држеше против нашиот тим речиси 40 минути. потоа нашиот тим почна да се одлепува, и дојде до нова победа против овој тим со +3  голови разлика.

Денес е нешто поинаку, кога е во прашање нашиот тим. Имаме далеку подобар, поголем, ростер на играчи, искуство по големо и уште многу, многу позитивни работи. Па затоа очекуваме да го продолжиме победничкиот низ од четири натпревари без пораз, од исто толку натпревари. На нас навивачите, ни останува само да дојде во сала и да го бодриме РК Вардар како дополнителен играч до нови победи. Сите во сала, за наш Вардар.