Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дали не очекува најинтересната сезона во македонската супер лига, Вардар добива сериозна конкуренција
Дали не очекува најинтересната сезона во македонската супер лига, Вардар добива сериозна конкуренција

Дали не очекува најинтересната сезона во македонската супер лига, Вардар добива сериозна конкуренција

Дали не очекува најинтересната Супер лига во историјата на Македонскиот ракомет… се очекува да биде така, откако покрај Вардар, големи засилувања донесоа и екипите на Еурофарм Пелистер и Металург.

Металург и Еурофарм како да ги донесоа најзвучните засилувања до овој момент, но останува прашањето колку се подготвени да му парираат на Вардар во освојување на титулата во домашната лига.

Минчо Јорданов кој е сопственик на тимот од Автокоманда како да чекаше да замине Самсоненко од Вардар, па да започне да носи квалитетни ракометари. Во претходните години беше тешко да се бори со моќниот Вардар кој во својот состав имаше големи ѕвезди, па тимот на Металург не се расфрлаше многу со пари, со оглед дека беше многу тешко да се надигрува со таков состав со кој располагаа црвено-црните во изминативе седум години. Изненади трансферот на Златко Хорват кој важи за добар и искусен играч и кој сигурно вреди пари на ракометниот пазар. Претходно, Металург потпиша и со поранешен српски репрезентативец и играч на Рајн-Некар, Момир Рниќ, кој веќе е во залез на играчката кариера, но кој сигурно со своето искуство ќе биде од голема полза на екипата, а нови засилувања на Металург се и Бранко Канкараш и Никола Потиќ. Сигурно дека Зоран Кастратовиќ ќе има далеку посилна екипа од минатата сезона, која не го дочека својот крај поради ситуацијата со корона вирусот.

Во Битола започна нов проект, наречен Еурофарм Пелистер, кој може да ги „замрси“ сметките на Вардар на домашната сцена. После тренерската смена и носењето на Жељко Бабиќ од таборот на Еурофарм започнаа да го градат тимот за новата сезона. Заминаа неколку играчи кои оставија впечаток во претходната сезона, но и дојдоа неколку кои ги потполнија нивните заминувања. Најголемото засилување за екипата е сигурно Стипе Мандалиниќ кој дојде од екипата на Фуксе Берлин, а пред него договор со тимот потпишаа уште двајца хрватски интернационалци, се работи за десниот бек Мараш и пикерот Кусан, како и македонскиот репрезентативец, Танкоски. Најголема загуба се сигурно најдобриот стрелец, Остроушко, како и голманот Никола Митревски.

И Вардар и Еурофарм и Металург не го кажале последниот збор на ракометниот пазар, сигурно дека ќе има можеби уште некој нов играч, а тоа посебно се однесува за Вардар, кој е „дефицитарен“ на позициите среден и десен бек. Многу имиња се поврзуваа со Европскиот Шампион, но се уште нема никој официјално претставен што се однесува на споменатите позиции. Досега, Вардар ги донесе Филип Талески, Гоце Георгиевски, Томислав Јагуриновски, Дмитри Санталов и Робин Кантрегел.