Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ристовски: Вардар ја има најдобрата публика на светот, тоа е ветар во грб за екипата!
Ристовски: Вардар ја има најдобрата публика на светот, тоа е ветар во грб за екипата!

Ристовски: Вардар ја има најдобрата публика на светот, тоа е ветар во грб за екипата!

По повеќе од двегодишна пауза Вардар повторно победи во Нашице кај Нексе, а овојпат триумфот од 30-31 (15-15) е особено вреден со оглед на фактот што истиот е дел од четврт-финалето на СЕХА Газпром лигата. Петкратниот победник во ова ракометно регионално натпреварување направи сериозен чекор кон пласманот на Ф4 турнирот. По дуелот, голманот на Вардар, Борко Ристовски изјави:

„Говорејќи за нашата игра, можам да кажам дека не може да бидеме презадоволни затоа што мора да поправиме многу работи. Пред се во одбраната, да се наместиме подобро за реваншот во Скопје. Вардар ја има најдобрата публика на светот. Тоа е само ветар во грб за екипата. Кога се ќе се сумира, првото полувреме беше солидно за нас резултатски, ама играчки мораме да бидеме многу подобри понатаму“, изјави Ристовски.

Борко Ристовски на овој натпревар имаше 7 успешни интервенции.