Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дефиниран датумот за Ф-4 турнирот во СЕХА, истиот ќе се игра од 1 до 3 Април во Вараждин
Дефиниран датумот за Ф-4 турнирот во СЕХА, истиот ќе се игра од 1 до 3 Април во Вараждин

Дефиниран датумот за Ф-4 турнирот во СЕХА, истиот ќе се игра од 1 до 3 Април во Вараждин

Завршниот турнир на најдобрите четири екипи во СЕХА-регионалната лига  по втор пат во историјата на ова натпреварување ќе се одигра во Хрватска, за град домаќин е одбран Вараждин. Како сериозен кандидат беше спомнуван и друг град од Хрватска Пореч, но тој не доби доверба за организирање на овој настан и во двата града ќе се играат мечеви од Европското првенство во Хрватска во 2018 година. Вараждин е близу до унгарската граница, тој е   на само 200 километри до Веспрем и е одлична можност за присуство на навивачи од Унгарија.

Извршниот комитет на СЕХА Газпром лигата донесе одлука Ф-4 турнир на најдобриот квартет во регионалната лига  да се одржи  во периодот од 1-3 април. На први април во петок ќе се играат 1/2-финалните натпревари, а на трети април во недела се натпреварите во “малото“ финале и финалето. Сите натпревари ќе се играат во градската сала во Вараждин. Во наредните денови се очекува  да биде дефинирана и саатницата за одигрување на натпреварите откако истиот ќе се усогласи со ТВ станиците заинтересирани за преноси. Раководството на регионалната лига се одличи на завршниот турнир учество да земат најдобрите четири екипи по разигрувањето , а не со шест, како што се одигра лани финалниот турниор во Веспрем. Полуфиналните двојки се играат по принципот 1- 4 и 2-3. До крајот на регуларниот дел Вардар  има уште два натпревари за играње, на 8 март во Јане Сандански против Веспрем и на 12 март в гости со Мешков.