Веќе зад себе Дејан Милосављев, има седум официјални натпревари во црвено-црниот дрес, од кој четири во СЕХА регионалната лига и два во најелитната клубска светска ракометна лига-ЕХФ ЛШ, и еден во македонскиот Суперкуп. За дебитант кој прв пат во кариерата се наоѓа во овие меѓународни лиги сосема одлично се адапираше и го освои срцата на навивачите. За напомена тој до лани бранеше само во српската лига и Куп и немал прилика да брани во вакви сериозни конкуренции што е факт плус за неговиот квалитет и одличната адаптација. Интересно е што секогаш е двоцифрен без разлика дали е натпревар со просечна екипа како Татран или Стеауа во регионалната лига или пак европски првак кој игра дома како Монпелје. Просекот во вардаровиот дрес досега му е неверојатни над 12 одбрани по дуел.
Тој во регионалната СЕХА лига на мечот со Металург од 1.коло забележа 12 интервенции, со српски Железничар впиша 11 одбрани, на гостувањето кај Татран Прешов го имаше најдобриот скор кога одбрани 14 топки, а на последниот дуел дома со романска Стеауа стопра 12 удари. Тој е број еден во регионалната лига со просек 12,30 одбранети удари по одигран натпревар или вкупно има 49 одбрани на само четири натпревари. Зад него на 2.позиција во регионалата лига е Данило Михаљевиќ (Железничар Н.)со просек 10,30, а третто пласиран е Иван Метскевиќ (Мешков Б.) со 8,50.
Во шампионската лига блесна на првиот натпревар во Франција, против европскиот првак Монпелје кога забележа 15.одбрани од која една тројна за која медија тимот на ЕХФ ја прогласи за најдобрата одбрана во 1.коло од ЛШ. Тој беше и најдобар голман во премиерното коло кога се најде во идеалните-7. Следеше домашен натпревар со Кристијанштад , нашиот “чувар на мрежата“ беше еден од најзаслужните за почетното водство со 6-0 кога остана несовладан се до 7.минута. Тој и овде беше двоцифрен со 10.одбрани, со напомена дека во последните минути му го препушти местото на кадетот, младиот вардаров голман Кизиќ. И овде просекот му е сличен како во регионалата лига, односно има 12,50 одбранети удари по одигран меч.
Покрај овие дуели во Супер купот на Република Македонија против тимот РК Металург кој ние го добивме, Дејан Милосављев имаше 14 одбрани од кој еден седмерец.