Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Денес Вардар ќе го дознае својот противник во 1/8 финалето на ЛШ
Денес Вардар ќе го дознае својот противник во 1/8 финалето на ЛШ

Денес Вардар ќе го дознае својот противник во 1/8 финалето на ЛШ

Вардар денес после 18:30 часот ќе го дознае својот противник во осминафиналето од Лигата на Шампионите, а тоа ќе биде шестопласираниот тим од најсилната група Б. Ова е веќе познато, откако Вардар го освои третото место во својата група. Црвено-црните славеа на домашен терен во дуелот со Монпелје, кој оваа сезона ќе мора на друг тим да ја предаде Европската круна, додека Веспрем беше успешен на гостувањето кај Киелце и на тој начин заврши на второто место.

За Вардар, има две опции, дали тоа ќе биде екипата на ППД Загреб или Мотор Запорожје. Во пресрет на денешното последно коло во групата Б, украинскиот тим влегува со еден бод повеќе на табелата од екипата на Загреб. И двете екипи денес имаат тешки гостувања, но играат со противници, на кои мечевите ќе им немаат никакво резултатско значење и ќе играат за престиж. Мотор Запорожје гостува кај тимот на ПСЖ, кој во претходното коло го обезбеди првото место и на тој начин директниот пласман во 1/4 финалето, додека Загреб оди на гости кај второ пласираниот Сегед, кој без оглед на резултатот ќе заврши на истата позиција. Што ќе се случува на овие мечеви останува да видиме после 18:30 часот кога и натпреварите ќе бидат завршени.

Во можно четвртифинале, Вардар би се судрил со победникот од двомечот, помеѓу екипите на Флесбург и Брест Мешков.