Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Со три порази и еден нерешен резултат, пионерите на РК Вардар ја завршија групната фаза на турнирот во Брчко
Со три порази и еден нерешен резултат, пионерите на РК Вардар ја завршија групната фаза на турнирот во Брчко

Со три порази и еден нерешен резултат, пионерите на РК Вардар ја завршија групната фаза на турнирот во Брчко

Пионерите на ракометниот клуб Вардар на вториот натпреварувачки ден на турнирот во Брчко, одиграа два нови натпревари на кои беа поразени. Тие денес за противнции ги имаа екипите на ППД Загреб и Слобода.

На првиот натпревар денес се сретнавме со екипата на ППД Загреб од која бевме поразени со резултат од 18:24. Иако не успеавме да ги совладаме сепак му пруживме силен отпор на противникот на овој меч, кој имаше водство во најголем дел од дуелот. На последниот дуел од групата за противник го имавме тимот на Слобода. Тука екипата на Слобода забележа триумф со резултат од 8:14.

Само за потсетување во текот на првиот натпреварувачки  ден одигравме два натпревари, првиот со Извиѓач, кој беше подобар од нашите надежи со резултат од 16:22, додека единствениот бод на турнирот го освоивме против Тримо.