Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Па ајде, денес е ред и на РК Вардар!
Па ајде, денес е ред и на РК Вардар!

Па ајде, денес е ред и на РК Вардар!

Македонската спортска јавност се’ уште е под голема еуфорија по историската победа вчера на фудбалерите над Германија. Уште еднаш без разлика дали е тоа РК Вардар, ФК Вардар или Македонија – покажуваме дека сме големи и дека фаворитската улога на противникот не ни пречи, напротив, не мотивира да одигрме уште подобро!

Така ќе биде и на денешниот натпревар на РК Вардар со Веспрем. Фаворитската улога и припаѓа на гостинската екипа, а ракометните експерти велат дека момците на Алушовски немаат никакви шанси за победа и продолжување во 1/4 финалето. Сигурно и они заборавија дека македонските спортисти се најопасни токму кога се ,,отпишани”.. Тоа РК Вардар го докажа веќе на два наврати, ама во буквална смисла, па потоа сите им честитаа, иако не веруваа…

Ние сме убедени дека и денес, во овој случај РК Вардар – ќе ја израдува армијата навивачи и дека ќе донесе голема победа.

Само храбро момци!