Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Денес на програмата се сите преостанати три натпревари од најсилната група А во ЛШ, Вардар може да „профитира“ со порази на Веспрем и Киелце
Денес на програмата се сите преостанати три натпревари од најсилната група А во ЛШ, Вардар може да „профитира“ со порази на Веспрем и Киелце

Денес на програмата се сите преостанати три натпревари од најсилната група А во ЛШ, Вардар може да „профитира“ со порази на Веспрем и Киелце

Во текот на денешниот ден ќе се одиграат сите три преостанати натпревари од 11.коло во најсилната група А од Лигата на Шапионите. Колото го отворија Рајн-Некар и Вардар, а поуспешни беа црвено-црните, кои славеа со резултат 27:30.

Дербито во групата ќе се одигра во Унгарија, каде Веспрем е домаќин на екипата на Барселона. Шампионот на Шпанија ќе биде ослабен за неиграњето на Мортенсен, Палмарсон и Сорондо , кои се здобија со повреди на Светското првенство, па нивното отсуство ќе биде голем хендикеп за тренерот Чави Пасквал. За разлика од нив, Веспрем нема проблеми со повредени играчи, па во најсилен состав ќе се спротивстави на Барселона. Доколку победи Барселона, тоа ќе значи и потврда на првото место во групата, со тоа и директен пласман во четвртфиналето. За Вардар одговара победа на Барса, со оглед дека тешко ќе биде да се нападне првото место, доколку Веспрем победи ќе ја продолжи борбата со Вардар за втората позиција на табелата, во случај на пораз, црвено-црните ќе се одлепат на три бодови повеќе од Веспрем.

Интересен за нас ќе биде и дуелот на Киелце, кој гостува кај екипата на Кристијанштад. Киелце уште еден наш конкурент за второто место, па во случај на нивни пораз на денешниот натпревар во Шведска, широко ќе ни ги отвори вратите за освојување на втората позиција, после завршување на групната фаза. Киелце ќе биде драстично ослабен, со оглед дека Циндриќ нема да биде во составот за мечот со Кристијанштад, додека во екипата нема да биде ниту Даниел Душебаев кој после СП подлежи на оперативен зафат.

Монпелје и Брест Мешков ќе ги одмерат силите во ова коло. Монпелје ќе има последна шанса да фати приклучок кон 6.место на табелата, кое носи пласман во 1/8 финалето, додека за Брест Мешков императив е да ја прекине лошата серија од без победа на последните осум меча во ЛШ. В