Попладнево во Битола можеме да го добиеме новиот шампион на Македонија во ракомет. Доколку ,,црвено – црните” од Скопје одиграат повторно добар натпревар и слават трет пат сезонава над Еурофарм Пелистер, сите дилеми ќе бидат решени.
Вардарци веќе се на пат за Битола, каде од 18 часот го играат натпреварот. Здравствениот билтен во редовите на тимот од Скопје е добар за разлика од оној кај битолчани. Само Анте Гаџа нема да биде во комбинација кај нашиот тим. Противникот пак се соочува со големи проблеми. Сигурно денес нема да настапи Матео Мараш, a изгледа дека Стипе Мандалиниќ нема да биде подготвен за нешто повеќе од половина натпревар.
Дуелот на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 започнува од 18 часот, со пренос на МТВ.