Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дербито во “Палау Блауграна“ им припадна на Барселона
Дербито во “Палау Блауграна“ им припадна на Барселона

Дербито во “Палау Блауграна“ им припадна на Барселона

Вардарци го претрпеа вториот пораз во групата Б, од лигата на шампиони. Вечерва подобри од нашиот состав, беше актуелниот европски првак екипата на Барселона.

Левиот бек на Барселона, Тунижанецот Жалуз беше во центарот на вниманието во текот на целото прво и поголем дел од второто полувреме и нерешлива енигма за нашата одбрана. Три од првите четири голови за предност од 4:1, беа токму дело на овој ракометар. По лошиот сарт црвено-црните ги консолидираат своите редови и со головите на руские крила Дибиров и Шишкарев намалуваме на 5:3. Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров нема свој ден на овој меч и ги промашува првите четири удари. Штербик одлично започнува на голот, на спротивната страна исто младиот Варгас започнува со неколку зицер одбрани. Повторно погодок на Дибиров за само еден гол негатива од 9:8, Жалуз продолжува да го игра можеби својот најдобар меч, седум од деветте голови до тие моменти се зад неговото име. Шпанскиот првак повторно успева да се одалечи на три гола позитива за водство од 11:8 во 18 минута од мечот. До крајот на првиот дел, Барселона некако ја одржува оваа стекната разлика и на полувреме заминува со резултат 16:13. Како го започна, така и го заврши првиот дел Тунижанецот со гол од девет метри.

Второто полувреме започнува одлично за нашиот ракометен шампион. Избраниците на Раул Гонзалес успеваат да направат серија од 4:0 и за прв пат да имаат водство од 17:16. Сигурдсон ја прекинува нашата серија за израмнување на резултатот. Во следните минути следи игра гол за гол на двете страни. Неколкуте грешки во нападот каде делувме избрзано, им овозмоќи на домаќините повторно да поведат со два гола разлика 23:21, иако во овие моменти имавме играч повеќе на теренот. Жалуз продолжува да го полни нашиот гол, за водство од 25:22. Овој играч претставуваше големо изненадување за нашата игра, неговиот учинок на претходните натпревари за Барселона е многу мал. Повторно следи неизвесна завршнива, по подолго време гол постигнува Карачиќ за само еден гол негатива 28:27. Сепак Вардар немаше сили за нешто повеќе, доживувајќи го вториот пораз во лигата на шампиони. Конечниот резултат гласеше 31:30.

Горбок беше најефикасен со 8 голови, Штербик имаше 13 одбрани.