Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров е најдобар стрелец на Вардар во лигата на шампиони
Дибиров е најдобар стрелец на Вардар во лигата на шампиони

Дибиров е најдобар стрелец на Вардар во лигата на шампиони

Руското крило во редовите на Вардар, Тимур Дибиров повторно игра одлична сезона. После првите пет одиграни кола во најголемото ракометно натпреварување има вкупно 30 голови, со што се наоѓа на 11 позиција на листата на најдобри стрелци. Дибиров во просек постигнува по 6 голови, што го прави најефикасен играч во Вардаровиот состав.

Често се наоѓа и во изборот за најубави голови, после завршување на секое коло. Атракциите кои ги завршува Дибиров, на кои им претходат асистеници од неговите соиграчи се вистинско уживање за секој љубител на ракометот. Покрај сите засилувања, по се изгледа Руското крило ќе биде повторно број еден играч во Вардар.