Најдобриот стрелец на Вардар во СЕХА-лигата, Тимур Дибиров имаше јубилеј во полуфиналето против Брест Мешков. Инаку Дибиров го постигна својот 400 гол во СЕХА-лигата. Тој на дуелот со белорусуте постигна два гола, доволни да прослави јубилеј во црвено-црниот дрес. Летачкото крило ја игра сојата петта сезона во екипата на Вардар и од неговото доаѓање е најдобар стрелец на Вардар, не само во СЕХА, туку и во Лигата на Шампионите. Ние му посакуваме многу здравје, успеси и уште многу погодоци за Вардар.