Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров и Карачиќ во идеалниот состав на ЛШ по групната фаза, според “Хенд Стејшн“
Дибиров и Карачиќ во идеалниот состав на ЛШ по групната фаза, според “Хенд Стејшн“

Дибиров и Карачиќ во идеалниот состав на ЛШ по групната фаза, според “Хенд Стејшн“

Реномираниот спортски портал “Hand Station“ ги одбра најдобрите седум ракометари во групната фаза на Лигата на Шампионите. Во тој состав се најдоа и двајца играчи на Вардар.

Според нивниот избор најдобро лево крило е летачкиот Тимур Дибиров ,кој ги остава во сенка играчи како Геншејмер и Сигурдсон.Со напомена дека тој е најдобар и најефикасен играч на нашата екипа со вкупно 69 погодоци.Неговата демонстрација, совршенство и ефикасност го прават опасен играч за противникот, се вели во изборот на овој портал.

Игор Карачиќ е најдобар на својата позција, среден бек. Тој е вистински диригент во играта на Раул Гонзалес, кој има постигнато 52 гола,и заслужено е избран за најдобар организатор на играта.

Во идеалниот состав се наоѓаат уште и Кирил Лазаров (десен бек), Драган Гајиќ (десно крило), Роланд Миклер (голман) и Камил Сипжак (пикер).