Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров и Шишкарев со значителен придонес, во новиот триумф на Русија овој пат против Финска
Дибиров и Шишкарев со значителен придонес, во новиот триумф на Русија овој пат против Финска

Дибиров и Шишкарев со значителен придонес, во новиот триумф на Русија овој пат против Финска

Русија немаше поголеми проблеми да стигне и до втората последователна победа, за само два дена во рамките на квалификациите за пласман на светското првенство, кое во 2019 година ќе се одигра во Германија и Данска.

Уште од самиот старт на мечот, избраниците на Кокшаров покажаа дека бодовите од овој дуел ќе завршат кај Русија. Тренерскиот тандем Кокшаров – Дејвис им даде подеднаква шанса за настап на сите играчи кои беа на располагање, а најголем дел од ракометарите на крајот и се запишаа во листата на стрелци. По првото полувреме имаа солидно водство од 10:16. После 12 минути игра во второто полувреме, стигна и првата двоцифрена предност за Русија (23:13), по што до крајот на натпреварот остана само рутински да се одработи задачата на теренот. На крајот испадна и убедлив триумф, со конечен резултат од 22:35.

Повторно расположени крилните играчи од редовите на Вардар. Тимур Дибиров успеа да постигне четири голови, додека Данил Шишкарев еден помалку или три. Следниот натпревар за Русија во квалификациската група 1 е против Луксембург на први јануари следната година и тоа на гостински терен.