Тимур Дибиров ја игра својата седма сезона во црвено-црниот дрес и важи за најдобар стрелец во редовите на Вардар. Тој продолжува да испишува рекорди, а најновото достигнување го напрви во СЕХА-лигата, каде ја премина бројката од 500 постигнати голови во ова натпреварување.
Неговиот прв погодок во СЕХА е на дербито против Металург, во неговата прва сезона откако пристигна во Вардар, додека 500-тиот погодок беше на мечот против Нексе, дуел на кој Дибиров постигна 12 голови од исто толку обиди кон противничкиот гол.
Моментално, Дибиров е четврти најдобар стрелец оваа сезона во ЛШ, како и четврти најдобар стрелец во историјата на Лигата на Шампионите. Пред него се само Лазаров, Карабатиќ и Илиќ, додека Дибиров има постигнато вкупно 888 голови во ЛШ.
Погледнете го јубилејот за Дибиров во СЕХА-лигата, неговиот 1 и 500-ти гол.