Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тимур Дибиров ја предводеше Русија до стартна победа во квалификациите за пласман на СП во 2019 година
Тимур Дибиров ја предводеше Русија до стартна победа во квалификациите за пласман на СП во 2019 година

Тимур Дибиров ја предводеше Русија до стартна победа во квалификациите за пласман на СП во 2019 година

Руската ракометна репрезентација имаше одличен старт на квалификациите, за пласман на светското првенство, кое во 2019 година ќе се одржи во Германија и Данска. Одлично деби и на клупата за тренерскиот тандем, Кокшаров и Дејвис кои ја совладаа Словачка убедливо со резултат 32:22.

Уште по првите десет минути, Русија резултатски се одлепи од противникот кога имаше предност од 8:3, што беше знак за тренерот на Словаците да повика тајмаут. Сепак ни тоа не даде резултат, а Русија благодарение на добрата одбрана 5-1, напред со Тимур Дибиров делуваше многу разиграно и убедливо. На десет минути пред крајот на првото полувреме имаа водство од осум голови предност (13:5), за по истекот на првите 30 минути резултатот да гласи 20:11.

Во второто полувреме, Русија ја одржуваше предноста и имаше контрола на резултатот. На крајот победата беше изразена со двоцифрена разлика, со конечен резултат од 32:22.

vplc1eoi

Крилата на Вардар, Тимур Дибиров постигна 7 голови од 10 обиди со што беше најефикасен во својата репрезентација, додека Данил Шишкарев додаде 3 погодоци од исто толку удари кон голот на Словачка. Во сабота Русија ќе гостува на Финска.