Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров: Раул од овој клуб направи машина, институција која треба само да продолжи да работи
Дибиров: Раул од овој клуб направи машина, институција која треба само да продолжи да работи

Дибиров: Раул од овој клуб направи машина, институција која треба само да продолжи да работи

Од следната сезона, Вардар останува без својот кормилар, Раул Гонзалез и уште без неколку ракометарки кои во новата сезона ќе настапуваат за други екипи. Сепак тоа не ги менува амбициите и плановите кај Европскиот шампион и понатаму да остане конкурентен за трофеиите. Токму најдобриот стрелец на тимот во последниве пет сезони, Тимур Дибиров во интервју за Балкан Хандбал, најави дека Вардар ќе биде силен и во наредната сезона, без оглед што заминува Раул и некои од играчите кои имаат голема улога во добрите резултати на Вардар.

-Најважната работа што ја направи Раул, е тоа што од овој клуб направи машина, институција, која може и без него, и без Арпад како и без мене. Раул си заминува, сите знаеме за каков тенер се работи, но оваа машина само треба да продолжи да работи и да работи. Не очекувам дека ќе бидеме послаби. Одиме само напред, така сакаме и да продолжиме. Цел живот зборуваме дека Кил и Барселона се институција. Додека имаме таква поддршка од државаа, навивачите и целиот балкан, зошто да не продолжиме и понатаму да освојуваме трофеи.

Иако често низ медиумите се сретнува да се прочита доаѓањето на неколку руски репрезентативци во Вардар од следната сезона, Дибиров го негира сето тоа, па засега е сигурно само трансферот на Горбок и Кисељев. Сепак Тимур вели дека не е важно кој игра, туку во преден план се резултатите и успесите на тимот.

-Зошто многу Руси ? Тоа се се шпекулации и невистини. Сега не има колку што има и Срби и Хравати. Сеедно е дали во Вардар играат еден или тројца руси, многу се поважни резултати. Истото можеме да го зборуваме за шпанците и за сите останати. Мојот план е секој ден да им помагам на моите соиграчи, и ако клубот има доверба во мене ќе бидам среќен ако работам тука уште многу години.