Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Тимур Дибиров го има најубавиот погодок, на првите 1/4 дуели од ЛШ

(ВИДЕО) Тимур Дибиров го има најубавиот погодок, на првите 1/4 дуели од ЛШ

Навикнати сме да гледаме импресивни голови од Тимур Дибиров во дресот на Вардар. Токму еден таков постигна на првиот четврфинален меч во Германија, против екипата на Фленсбург. Како што тој знае и умее сврти една топка од тешка позиција, која за противничките голмани е тешка за бранење. Токму тој негов гол е избран за најдобар на првите четврфинални мечеви од лигата на шампионите. Уште позначајно е што Вардар славеше на овој меч и со два гола предност ќе го започне реваншот во Скопје. Дибиров мечот во Германија го заврши со четири погодоци.

Погледнете ги најубавите голови, каде првото место е за Руското крило, Тимур Дибиров.