Се е во најдобар ред со нашите играчи Дибиров и Карачиќ, кои заработија удари на последниот натпревар против Кристијанштад во лигата на шампиони. Тие нема да настапат на денешниот дуел во сеха-лигата против Спартак. Веќе се во Скопје и работат со медицинскиот тим, за комплетно санирање на повредите.
Добив незгоден удар колено во колено, не се работи за повреда на зглобот како што другите медиуми пренесуваа. Се испадна на добро, спремен сум во сабота да го дадам најдоброто од себе. Во наредниве денови следува терапија и очекувам да бидам подготвен за Рајн-Некар.
На претходниот меч одигран во Јане Сандански недостасуваше поддршката од најверните Комити, кои сите играчи ги очекуваат на саботниот натпревар.
Ги повикувам сите наши навивачи да дојдат во сабота во нашата арена, да не бодрат кон една голема победа со која ќе се зацврстиме на првата позиција, изјави Дибиров за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски