На овој датум пред четири години својата верност кон Вардар до 2020 година ја продолжи Тимур Дибиров. Ова е петта сезона за “летачкото“ крило во црвено-црниот дрес откако пристигна од екипата на Чеховски Медведи. Последниве четири сезони Дибиров е најдобар стрелец со Вардар, а најмногу постигнати голови во една сезона во лигата на шампиони има токму со екипата на Вардар. Предминатата како и во сезоната 2014/15 ги заврши со 78 голови, што моментално се најмногу во неговата кариера.
Минатата сезона тој ја имаше најголемата сатисфакција откако е во Скопје, успеа со остатокот од тимот да завладеа со Европскиот елитен ракомет. Дибиров впиша во својата биографија пехар како шампион на ЛШ за сезоната 2016/2017 година. Како што споменавме по само една година откако дојде во Вардар, клубот се реши да го продолжи договорот со него се до 2020 година. Неговиот нов потпис се случи токму на овој датум пред четири години. На истиов датум на верност кон Вардар до 2019 година се согласи и голманот Страхиња Милиќ.