После шест одиграни кола во Лигата на Шампионите, Вардар го има најдобриот стрелец во најголемото ракометно натпреварување.
Станува збор за Тимур Дибиров кој со 40 постигнати голови се наоѓа на врвот на листата на најдобри стрелци во ЛШ. Првото место го дели заедно со Дика Мем од екипата на Барселона.
Дибиров полека навлегува во својата 40.година од животот, но тоа не претставува проблем за летачкото крило да продолжува да воодушевува на ракометните терени.