Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младински лиги > Александар Димовски: Нашата цел и очекувањата остануваат исти , а тоа се прво место и влез во супер лигата
Александар Димовски: Нашата цел и очекувањата остануваат исти , а тоа се прво место и влез во супер лигата

Александар Димовски: Нашата цел и очекувањата остануваат исти , а тоа се прво место и влез во супер лигата

Наредниот викенд започнува вториот дел од сезоната во првата машка ракометна лига. Екипата на РК Вардар 2 предводена од тренерот Стојан Петрушевски ќе стартува од втората позиција на табелата, кое води во баражот за најсилната супер лига. Црвено-црните освоија вкупно 27 бодови, или три помалку од првопласираниот тим на ХЈС Работник. Беа забележани вкупно 9 победи и 2 порази. Единствено загубивме бодови во дуелите на гостински терен со екипите на ХЈС Работник, кој е наш најголем конкурент за првото место и во последното коло од тимот на Текстилец. Капитенот Александар Димовски за нашиот сајт ги споделува впечатоците од есенскиот дел и очекувањата за натпреварите кои претстојат.

-Првиот дел од сезоната за нас заврши успешно , со оглед дека ова ни е дебитантска сезона . Јас сум задоволен од моите соирачи каде сите добиваат шанса за играње во ова натпреварување , а со тоа и ново и поголемо искуство и придонесуваат за остварување на нашата цел , а тоа е влез во суперлигата . Ваков старт и вакви резултати не очекувавме со оглед дека противниците во ова натпреварување не ни беа доволно познати .

Екипата во вториот дел од сезоната че биде ослабена за неиграњето на Филип Арсеновски и Томислав Јагуриновски, кои преминаа во екипата на Металург. Сепак црвено-црните максимално се подготвуваат за предизвиците кои им претстојат. Во првото пролетно коло би требало да играме со екипата на Риниа-М на домашен терен.

-Вториот дел го започнуваме без двајца наши играчи , Томислав Јагуриновски и Филип Арсеновски каде потпишаа за друг клуб ( Металург ) , но како што реков нашата цел и очекувањата остануваат исти , а тоа се прво место и влез во суперлига , така да шансите се големи и мислам дека треба да ги искористиме . Моменталните подготовки течат одлично , имаме многу пријателски утакмици , сите се залагаат и работат напорно и секако сите спремно чекаме да почне вториот дел од сезоната, изјави Александар Димовски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски