В среда, со почеток во 20 часот и 30 минути, тимот на РК Вардар ќе одигра уште еден натпревар. Овој пат, во рамките на СЕХА лигата гостин ќе ни биде тимот на Извиѓач. Овој натпревар се очекува да биде лесен ”залак” за ”црвено – црните”, односно подготовка на тактиката за следниот натпревар во Л.Ш, против секогаш незгодниот тим на Пик Сегед од Унгарија.
Очекуваме Вардарци да одиграат уште еден добар натпревари, и да продолжат со победите во СЕХА лигата, а со самото тоа и задржување на првата позиција и во ова натпреварување. Овој натпревар ќе оди низ директен пренос на МРТВ в среда.
20.30 (МТВ-1) ракомет СЕХА: ВАРДАР-ИЗВИЃАЧ – (ком: Г.СТЕРЈОВ).