Ждрепката посака нашиот Вардар да биде дел од групата А во Лигата на шампионите, таму не чекаат многу силни противници: Веспрем, Барселона, Киелце, Рајн Некар, Монпелје, Кристијанштад и Мешков Брест. По извлекувањето на групата извршниот директор на Вардар, Давор Стојаноски вели дека повторно наша цел е завршниот турнир во Келн, но и дека дотаму ќе се обидеме да отидеме како лидери во групата-А што лани и сезоната пред тоа ни овозможи директен пласман во 1/4-финалето.
Повторно ќе имаме амбиција да се пласираме на завршнио турнир и во престојната сезона. Нашиот тим би требало да биде комплетен кон крајот на јули и подготвени ќе влеземе во нова борба за завршниот турнир во Келн. Иако ќе биде многу тешко, ќе се обидеме да го освоиме првото место и да се пласираме директно во четвртфиналето. Противници се тешки, не верувам дека има некој лесен, секој натпревар ќе биде тежок- вели Стојаноски.