После три години во црвено-црниот дрес, Кристијан Дисингер, се реши за промена на средината. Во новата сезона повремениот репрезентативец на Германија ќе игра за екипата на Динамо Букурешт, чиј тренер ќе биде Чави Пасквал кој сезонава со Барселона ја освои Европската титула.
Дисингер пристигна во Вардар од екипата на Кил и во својата прва сезона како играч на црвено-црните успеа да ја освои Европската титула, откако во големото финале на Ф4 во Келн ја победивме екипата на Веспрем. Во лигата на Шампионите, популарниот „Диско“ успеа да постигне 62 голови.
Дисингер со Вардар успеа во еден наврат да ја освои и СЕХА-лигата, додека во домашни рамки, освои две титули Шампион на Македонија како еден Куп трофеј.